Статистика на електрични возила во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од 2020 година во Македонија биле евидентирани само 198 патнички моторни возила кои ја користат електричната енергија како гориво. Заклучно со лани, во земјава биле досега увезени 3.345 хибридни автомобили и 134 електрични автомобили, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ. За разлика од минорното користење на овие возила кај нас, „Мета.мк“ веќе објави дека електричните и хибридните возила за првпат во Европа, во текот на август 2021 година, станаа попродавани од возилата со дизел мотори.